Корпоративни и поголеми нарачки
Планирате поголема нарачка за вашата компанија, настан, клиенти или вработени?
Сите модели од нашата понуда се достапни и за поголеми количини, со можност за персонализација според вашите потреби.
Изберете го моделот што најмногу ви одговара, а ние ќе ви подготвиме специјална понуда според избраниот модел, количината и типот на персонализација.
Персонализација со ваше лого
За корпоративни нарачки нудиме можност за персонализација со ваше лого.
Нашите производи се соодветни како деловни подароци за вработени, клиенти и партнери, како и за корпоративни настани, конференции и промотивни активности.
Како функционира нарачката?
Разгледајте ги моделите достапни на нашата веб-страница и изберете го моделот што ви се допаѓа.
Испратете ни информација за:
- избраниот модел
- посакуваната количина
- логото или типот на персонализација
Врз основа на овие информации ќе ви подготвиме индивидуална понуда со цена по парче и рок за изработка.
Примерок пред финална одлука
Доколку понудата ви одговара, можеме да ви испратиме и примерок од избраниот модел за да го видите во живо, да го почувствувате материјалот и да се уверите во квалитетот на изработката пред да ја потврдите нарачката.
Рок за изработка
Рокот за изработка и испорака зависи од избраниот модел, количината и начинот на персонализација.
Точниот рок ќе биде наведен во понудата.
Побарајте понуда
Контактирајте не со информација за моделот и количината за која сте заинтересирани, а ние ќе ви подготвиме понуда прилагодена на вашите потреби.
E-mail: info@tact.mk
Телефон: 075 912 193
